Пилотот на Формула 1 тимот на Мерцедес, Нико Розберг на последната трка што се возеше за Големата награда на Русија во Сочи, предвреме го заврши натпреварувањето во осмиот круг поради проблеми со моторот на болидот. Тој иако ја имаше пол-позицијата и се надеваше на одличен викенд во Русија, но тоа не се случи и по победата на клупскиот колега Луис Хамилтон, шансите за освојување на титулата ги сведена минимум.
Тој со 229 бода е 73 бода зад Хамилтон кој е на добар пат да ја одбрани титулата од минатата сезона на четири трки до крајот на сезоната. Во оваа година, Розберг освои три победи, а Хамилтон трипати повеќе.
– Целиот тим заслужи пауза по сработеното. Очигледно е дека со големата разлика помеѓу мене и Луис на четири трки пред крај, шампионската титула ми е сè подалеку. Но нема да се предадам. Можам да ја завршам сезоната со барем уште некој подиум. Имам добро искуство на патеката во Остин и се надевам дека ќе го повторам успехот од квалификациите во Сочи – изјави Розберг кој минатата година трката за Големата награда на САД ја започна од пол-позицијата.
Квалификациите за американското Гран при е закажано за в сабота (24 октомври) во 14 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.