Градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон, отпатува специјално во „Тојота Сити“ да го преземе водородниот автомобил.
Борис Џонсон, градоначалникот на Лондон, обезбеди примерок од „тојота мираи“, првиот автомобил со погон на водород во светот, како дел од своите активности за промовирање на користењето на чисти технологии во транспортот и во инфраструктурата во британската престолнина. Градоначалникот го посети седиштето на компанијата „Тојота Сити“, во неговата тридневна мисија во Јапонија.
Џонсон го оцени и пробното возење на водородниот автомобил: „Фантастично е тоа што Лондон ќе има корист од овие водородни возила со врвна технологија. Прифаќајќи ја оваа технологија на иднината, цел ни е да ја зацврстиме улогата на водородот како практично алтернативно гориво за 21. век и по него. Убеден сум дека ‘Транспорт за Лондон’ ќе биде совршена средина за да сите ние се запознаеме со сите можности на „мираи“ и на тој начин да направиме уште еден голем чекор во подобрувањето на квалитетот на воздуихот во нашиот град и во заштитата на здравјето на жителите на Лондон.“
Велика Британија е избрана меѓу трите европски земји од „првиот бран“, заедно со Германија и со Данска, за започнување со продажбата на лимузината со погон на водород во текот на месецов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.