| четврток, 6 декември 2018 |

Работник се бори за живот по пад од висок објект

А.А.(46) од Копанце се здобил со сериозни повреди на главата откако паднал од висина од шест метри додека работел на куќа на жител од Ратае, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Инцидентот се случил вчера нешто пред 13 часот додека А.А. со електрична дигална спуштал празна количка со која претходно пренесувал бетон. Дигалката во еден момент се откачила и заедно со количката тој  паднал од вториот кат на објектот од околу  шест метри  во дворот.

Со возило повредениот веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница од каде по укажаната помош поради сериозноста на повредите на главата бил префрлен на скопските клиники.

Полицијата презема мерки за целосно рсветлување на сите поединости поврзани со причините и другите околности околу паѓањето на работникот.

Според полициските податоци годинава на поширокото тетовско подрачје се случиле  пет несреќни случаи при работа при што во две лица починале од здобиените повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top