Брус Леонард (65) и Дебора Леонард (59) од Клејвил, обвинети за првостепено убиство поради брутално претепување на родениот син среде црква, се изјасниле за невини иако судијата заклучил дека постојат доволно докази против нив.
Соседот на брачната двојка за време на судењето изјавил дека 19-годишниот син ги разбеснил родителите со плановите да ја напушти црквата и да ѝ се приклучи на војската.
Вработените во црквата на суд изнеле детали од злосторството, кое ја шокирало цела Америка. Лукас Леонард, синот на брачната двојка, трпел тепање цели 12 часа од страна на родителите, сестрите и од други членови на црквата. Го шутирале и го удирале со кабли, а тој не се бранел.
-Се тркалеше по подот во агонија и крвавше испуштајќи болни звуци – рекол ѓаконот Даниел Ирвин, кој тврди дека не знаел што се случува во црквата сè додека не ја видел страшната сцена од прозорецот.
Соседот на семејството Леонард, Џејмс Константин, открил дека Лукас во последно време зборувал дека сака да се приклучи на војската, а неговите родители не го одобрувале тоа.
-Тие немаа намера работите да отидат толку далеку – изјавил адвокатот на обвинетите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата