Во исчекување на „Дербито на Италија“ како што се нарекува мечот меѓу Интер и Јувентус поради тоа што играат двете екипи со најмногу титули, гледачите не успеаја да видат ниту еден гол. Се играше здодевен фудбал на средината на теренот, а двете екипи повеќе размислуваа на одбраната отколку на нападот. Влогот беше голем бидејќи со евентулна победа на еден од тимовите ситуацијата на табелата дополнително ќе се искомпликуваше.
На „Џузепе Меаца“ Интер најубавата шанса ја пропушти во првиот дел кога Брозовиќ ја погоди гредата од голот на Буфон. На спротивната страна во второто полувреме Сами Кедира истотака можеше да постигне гол, но од иделна шанса која му ја створи Мората ја погоди само десната статива.
По денешното реми Интер има 17, а Јувентус само девет бода. На врвот на табелата се уште се наоѓа Фиорентина, со 18 бода на своето салдо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.