На пејачката Наташа Беквалац овие денови не и цутат рози, па освен казни за паркирање и се случи уште еден пех.
Имено, провајдер на мобилна телефонија и го исклучил телефонот на пејачката, поточно можност да има појдовни позиви, бидејќи не ја платила сметката. Таа со ова дури и се пофалила на социјалните мрежи низ преписката со кумот Ален преку социјалната мрежа Вибер.
Во нивното допишување јасно се гледа дека бара од Ален, кој инаку е член на нејзиниот бенд да ја побара бидејќи и го исклучиле телефонот. Работата да биде уште полоша, ниту кумот не поминал подобро, бидејќи во продолжение на преписката тој и пишува на Наташа дека не може да ја побара бидејќи и на него му се блокирани појдовните повици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.