Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова продолжува да ги решета мрежите на противничките тимови. Во последното коло во шведскиот шампионат таа со хет-трик ја завери одличата сезона во новиот клуб Розенгард кој денеска играше со Линкопинг и славеше со убедливи 5-0.
Андонова го отвори резултатот во 9.минута за потоа со уште два гола во 72 и 78 минута, го одведе својот тим до титулата. Посебно за одбележување е првиот гол, кога успеа да украде една топка на противничката половина и во манир на голем стрелец со лоб да постигне гол.
– Посреќна личност од мене нема во моментот, Шведската лига ја освоивме и постигнав хет трик – порача Наташа Андонова преку својот фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)