Тоа од што најмногу стравуваа симпатизерите на Вардар пред мечот со Колдинг во рамките од петтото коло од Лигата на шампионите и се остварува.
Отсуството на првиот голман Арпад Штербик и тоа како се чувствува во тимот, бидејќи двете негови замени, Милиќ и Ангелов кои ја поделија минутажата во првиот дел не успеаја да фатат ниту една топка. Односно сите удари кон голот на Вардар беа претворени во погодок.
Нападот функционира на коректно ниво, со неколку грешки при додавањата во завршницата до линијата од шест метри, но сепак беа постигнати 15 гола.
Македа и Дибиров со по четири гола се најдобри во составот на „црвено-црните“. Во второто полувреме се очекува тренерот Раул Гонзалес со неколку измени посебно во одбрната да дојде до посакуваниот резултат и да се врати од Данска со уште една победа, петта во исто толку натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.