| четврток, 6 декември 2018 |

Штета, Металург испушти бод во последната минута

Повторно како и ред една недела против Скјерн, Металург испушти бод во последниот напад, овојпат на гостувањето кај Баја Маре (21-20).
Во крајно изнедначен натпревар во кој рака на срце, Баја Маре водеше во текот на целиот меч, Металург можеше да освои бод и да остане во игра за едно од двете места во групата Д кое води во разигрувањето.
Баја Маре најголемото водство го имаше во средната на првото полувреме кога по неколкуте грешки на избраниците на Лино Червар дојде до предност од четири гола (9-5). Сепак до крајот на полувремето со неколку успешни интервенции на голманот Дупјачанец металурзите се резултатски се вратија во мечот и со серија од 4-1 дојдоа до пристојна негатива од само еден гол (10-9).
Во второто полувреме иста слика на теренот. младите играчи на Металург го почнаа и второто полувреме со наивни грешки, овозможувајќи им на домашните ракометари набрзина да дојдат до три гола предност. Повторно голманот беше тој што ги одржуваше во живот, во нападот проработе и најдобриот играч Божовиќ и повторно се дојде до само еден негатива.
Во последните десет минути македонскиот тим имаше дури три шанси за израмнување на резултатот, но повторно брзоплето се губеа топките во нападот.
Божовиќ го врати Металург во игра (21-20) , а на 50 секунди пред крај Лино Червар побара тајмаут. Металург успеа да се одбрани, но не успеа ни да го реализира последниот напад за изедначување, им падна топката на „металурзите“ и беше досудено пробивање за повторно да се вратат во Скопје со минимален пораз од пораз и од ова гостување во Романија со конечните 21-20.

Најефикасен кај Металург беше Јанко Божовиќ со осум погодоци, а извонреден настап имаше и голманот Даниел Дупјачанец со 17 одбрани од кои и три одбранети седмерци. Кај Баја Маре прв стреелц беше Томаш Иванчук со шест гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top