| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар и десеткуван во составот е голем фаворит на гостувањето кај Колдинг

Македонскиот шампион Вардар продолжува со натпреварувањата во Лигата на шампионите во ракомет. во Рамките од петтото коло избранциите на Раул Гонзалес му гостуваат на Колдинг. По четири одиграни кола Вардар се наоѓа на врвот на табелата со максимален број на бодови, додека Колдинг сеуште нема освоено бод во ова натпреварување.

vardar-germanci-20

Затоа се друго освен победа на Вардар ќе биде рамно на сензација. Иако за првпат тренерот Гонзалес неможе да смета на четворица првотимци, оптимизмот во екипата е на високо ниво и посакува да се врати со цел плен од Данска.
Секако проблем претсавува неиграњето на Штербик и Дујшебаев кои останаа во Скопје поради проблеми со стомачен вирус кој ги мачи цела недела, и Стоилов и Деревен поради повреди, останатите играчи се подготовени да го дадат максимумот и уште еднаш да покажат дека се во самиот европски ракометен крем.

vardar-germanci-25

Покрај тоа што досега нема освоено ниту еден бод, дополнителен проблем за Колдинг преставува и неиграњето на моторот на тимот, рускиот репрезентативец Игропуло кој мораше да замине на хитна операција на слепото црево.

Натпреварот започнува во 16.50 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top