| четврток, 6 декември 2018 |

Девојчето чие срце се скрши поради бракот на Адам Левин, го запозна своето несудено „момче“(фото+видео)

адам

Сите некогаш сме биле вљубени во некоја славна личност. Но, понекогаш нашите чувства кон омилените ѕвезди може да станат премногу силни.

Иако помина една година откако славниот музичар  Адам Левин се ожени со манекенката Бехати Принсло, вестите дека тој е оженет биле непријатно изненадување за тригодишната Мила.

Во видеоснимката, кога нејзината мајка и соопшти дека фронтменот на групата „Марун 5“ се оженил и повеќе не е „слободен“, Мила беше на границите на очајот.

– Неееее, мамо – извикува Мила додека и течат солзи. „Не, тој не го направи тоа!“

Оваа снимка набрзо стана вирална, дотолку што дури ја пренесе и „Тајм“.

А, по целата фама околу таа снимка, Мила со нејзината мајка беше повикана да гостува во шоуто на Елен Деџенерис. За да и ја исполни желбата, Елен го покани и Адам Левин во емисијата, кој во студиото влезе со роза во рацете.

Кога малата Мила го здогледа, се израдува и му се фрли во прегратка, но не сакаше долго да биде во негова близина, и беше поудобно во прегратката на мајка и.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top