| четврток, 6 декември 2018 |

Борделите и марихуаната главна тема во изборната кампања во Канада

канада

Канаѓаните утре ќе излезат на петти парламентарни избори во последниве 11 години, на кои се очекува неизвесна трка за победа меѓу владејачките конзервативци и опозициските либерали.

Но, според анкетите на јавното мислење, децениската доминација на Конзервативната и на Либералната партија и на овие избори ќе ја помати социјалемократската Нова демократска партија, која веќе е етаблирана како трета политичка сила во земјата и може да земе пристоен дел од колачот при распределбата на пратеничките места,

Во такви услови, аналитичарите оценуваат дека независно од тоа кој ќе освои најмногу пратенички места во Долниот дом на Федералниот парламнет, Канада ќе влезе во период на управа на нестабилна малцинска влада.

Последните анкети на јавноот мислење покажуваат дека либералите може да се надеваат на меѓу 33,5 и 37,1 отсто од гласовите, конзервативците меѓу 29,4 и 32,6, а новите демократи меѓу 22,9 и 24 проценти.

Но, поради мнозинскиот изборен систем во кој кандидатот што ќе освои најмногу гласови во една изборна единица дирекно е избран за пратеник, распоредот на пратеничките мандат најверојатно нема на соодвејствува на проценталната популарност на партиите.

Сепак, аналиитчарите проценуваат дека новиот шеф на канадската влада треба да се бара меѓу либералот Жастин Трудо, син на поранешниот канадски премиер Пјер Трудо, и актуелниот вршител на премиерската функција, конзервативецот Стивен Харпер.

Трудо во кампањата ветува намалување на трговскиот дефицит  на Канада и поттикнување на растот на канадската економија, додека Харпер најавува балансирање на буџетот, намалување на даноците за средната класа и зајакнување на безбедноста.

„Најдарежив“ во ветувањата е лидерот на новите демократи Томас Малкер, кој ветува изградба на национален систем за социјална заштита, поголеми инвестиции во јавниот транспорт и образованието, поголеми права на индијанското малцинство и укинување на Сенатот.

Но, последните денови од кампањата, неочекувано главна тема стана прашањето на борделите и легализацијата на марихуаната, за што се појавија и билборди и огласи во весниците.

Така, Конзервативната партија во весниците објави огласи во кој се тврди дека ако победат либералите ќе „ги донесат борделите во нашата заедница“, но и дека ќе ја легализаат марихуаната што „ќе ја направи лесно достапна за децата“.

– Тоа не се наши вредности. Гласајте за вашите вредности, порачуваат конзервативците во рекламите.

Трудо (43) на ваквата негативна кампања на конзервативците одговори дека тоа е само обид да се дефокусира вниманието од вистинските пробелми на Канада.

– Мислам дека Харпер на овој начин сака да ги доведе Канаѓаните во заблуда. Искено, тој може да продолжи да се фокусира на мене, но јас ќе останам фокусиран на Канаѓаните, порача Трудо.

Но, ниту либералите не останаа имуни на негативната кампања, па објавија огласи во кои се тврди дека ако победат конзервативците „би можеле да им го одземат канадското државјанство на ноите доселеници“.

Инаку, на изборите за 338 места во Парламентот се борат 1.792 кандидати предложени од 23 партии или групи граѓани. Покрај, либералите, конзервативците и новите демократи, места во новиот Парламентот се очекува да освојат и сепаратистичкиот Квебечки блок и зелените

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top