| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров и Барселона до бод во последната секунда на гостувањето кај Кјелце (видео)

Vive Tauron Kielce vs FC Barcelona

Дербито во групата Б во Лигата на шампионите каде се наоѓа и македонскиот шампион Вардар, се одигра во Полска меѓу екипите на Кјелце и Барселона.
Тимот на нашиот Кире Лазаров се најде во безизлезна ситуација откако во последната минута влезе со негатива од два гола, но успеа истата да ја надополни и со голот на Нодезбо во последната секунда да стигне до еден значаен бод на ова тешко гостување.
„Каталонците“ беа подобар противник во првото полувреме и заслужено отидоа на одмор со (14-17). Сепак Кјелце со одлична игра во второто полувреме најпрвин резултатски се доближи за во последните десет минути го преземе и водството. Во последната минута домаќините имаа предност од два гола, но европскиот шампион не се предаде и успеа да го израмни резултатот и да извлече бод од тешкото гостување во последната секунда со голот на Нодезбо.
Кјелце може да жали за пропуштената шанса за победа на Барселона иако се сами виновни што не успеаја да освојат два бода.
Кире Лазаров беше најдобар стрелец во својот тим со седум гола, но со слаб процент од 16 обиди, а кај Кјелце се истакнаа Јурецки и Рајхман со пет погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top