Црногорската полиција пукала со солзавец во Подгорица врз симпатизерите и членовите на Демократскиот фронт кои имале намера повторно да протестираат пред Собранието на Црна Гора. Лидерството на Демократскиот фронт одлучи протестите да продолжат, закажале ново собирање, иако не добиле дозвола од полицијата.
Симпатизерите и пратениците на ДФ тргнале кон Собранието, но биле запрени од силни полициски сили кои испукале солзавец кон нив. Медиумите пренесуваат дека во судирите меѓу полицијата и демонстрантите полесно биле повредени пратеникот Небојша Медојевиќ и потпретседателот на Собранието Бранко Радуловиќ.
Полицијата уапсила повеќе лица кои тргнале кон Собранието за да се приклучат на протестите.
Денеска полицијата го растури протестот на ДФ кој 20 денови траеше пред зградата на црногорското собрание, барајќи оставка на владата на Мило Ѓукановиќ. Уапсени се 11 лица, меѓу кои и пратеници, новинари и други опозициски активиски. Во акцијата биле повредени шест полицајци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)