| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн и по девет кола максимален, Шалке во продолжението до трите бода (видео)

Werder Bremen vs Bayern Munich

Актуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен продолжува со доминацијата во новата сезона и по девет одиграни кола има максимален ефект од девет бодови. Во денешниот натпревар на незгодното гостување во Бремен против екипата на Вердер славеше минимална победа од 1-0. Томас Милер беше стрелец на единствениот погодок во 23.минута на асистенција на Тијаго Алкантара.

Екипата на Шалке многу потешко од очекувањата дојде до трите бода против Херта и тоа во судиското продолжение со погодокот на Мејер. Претходно уште во првото полувреме гостите од Берлин останаа со играч помалку по исклучувањето на Ибишевиќ. Тоа веднаш го искористи Шалке и преку Хеведес во 27 минута поведе со 1-0. Во вториот дел кога се очекуваше Шалке со рутинска игра да го зголеми водството, Херта успеа да израмни со голот на Саломон Калу во 73 минута. Сепак гостите не го издржаа притисокот во продолжението од мечот и со пораз се враќаат дома.

Резултати 9.коло:
Аугсбург – Дармштад 0-2, Хамбургер – Баер Леверкузен 0-0, Шалке – Херта 2-1, Вердер – Баерн Минхен 0-1, Волфсбург – Хофенхајм 4-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top