| четврток, 6 декември 2018 |

И Бензема во групата на уценувачи на Валбуена?!

karim benzema

Најдобриот француски фудбалер Карим Бензема поминал еден час во полиција каде што дал исказ во врска со најновиот секс-скандал во фубалска Франција.
Пред некое време се рашири вест дека грпа уценувачи сакале да изнудат пари од франускиот репрезентативец Матие Валбуена поради наводни снимки со порнографска содржина. Претходно и Џибрил Сисе беше во полициска станица поради истите причини.
Ле Паризиен“ објави дека наводно и Бензема бил дел од групата која го уценувала Валбуена и која се обидувала да изнуди пари поради „куќното видео“ со сексуална тематика. Ова не е прва поврзаност на Бензема со секс-скандал бидејќи и во минатото заедно со Франк Рибери беа вмешани во сличен случај, откако малолетна проститутка ги обвини дека имала секс со нив двајца.

Бензема кратко се задржал во полициската станица и го дал својот исказ, а на француските медиуми им напомена дека сепак нема никаква врска со овој случај и дека се надева како веќе нема да биде предмет на истрага.

Французинот се повреди на настапот за националниот тим и нема да биде во составот на Реал Мадрид на денешниот меч против Леванте.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top