| четврток, 6 декември 2018 |

Бизнисмен претепал инвалид зашто му го допрел неговото „ауди“ (ВИДЕО)

dashcam_939777S1

Руското обвинителство покрена истрага против 30-годишниот бизнисмен, кој е снимен како фрла пешак од мост во канал во Санкт Петербург.

Како што пишува „Гардијан“, 44-годишниот пешак е личност со инвалидитет, а бесниот претприемач физички го нападнал, бидејќи пешакот случајно му го допрел „аудито“.

„Возачот излезе од автомобилот и го удри пешакот во лице, а потоа преку оградата го фрли во каналот“, се наведува во тужбата.

Жртвата успеала да излезе од водата и во моментот е во болница. На бизнисменот за обид за убиство му се закануваат 11 години затвор.

Инцидентот случајно го снимил друг возач, кој во моментот возел позади бизнисменот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top