| четврток, 6 декември 2018 |

Картаџии се тепале со боксови, пушки и секири

kartadzija pistol

Гневен картаџија кои изгубил пари почнале да се расправа со другите играчи, па откако добил ќотек, земал пушка и секира да ги израмни сметките.

Според МВР вчера околу 18,20 часот,  во село Дулица-делчевско, на место викано „Газијанци“, додека лицата М.П.(46), Ф.П.(46), Б.К.(45), Д.З.(56), сите од Дулица, и В.Ѓ.(54) од Македонска Каменица, играле карти на пари, дошло до расправија помеѓу М.П. и Ф.П, по што М.П. физички го нападнал Ф.П. удирајќи го со тупаница во пределот на лицето, при што му искршил заб од горната вилица.

Лицата биле раздвоени, по што Ф.П. си заминал дома, од каде земал ловечка пушка со која му се заканувал на М.П. . Притоа В.Ѓ. успеал да му ја одземе пушката, но тогаш истиот повторно заминал во својот дом од каде земал секира, која му ја одзеле и ја искршиле. Ф.П. изреволтиран повторно заминал дома, земал уште една секира и на паркирано ПМВ „Форд Ескорт“, кое го упраувал М.П., го искршил задното стакло од левата страна. Од страна на УПС со потврда за привремено одземени предмети одземени се две секири и пушка, сопственост на таткото на Ф.П., која ја поседувал со дозвола. Лицата М.П. и Ф.П се приведени и задржани, по целосно расчистување на случајот против истите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top