| четврток, 6 декември 2018 |

Николиќ: Признавањето на Косово ќе доведе до граѓанска војна

Српскиот претседател Томислав Николиќ вели дека е убеден дека ќе има граѓанска војна во земјата, во случај Србија да ја признае независноста на самопрогласената Косово и Метохија.
Николиќ изјави дека сегашната ситуација, со германскиот амандман во врска со отворањето на 35-то поглавје од преговорите со ЕУ, му наликува на ултиматумот кој Австроунгарија го испрати на Србија пред почетокот на Првата светска војна, пренесе новинската агенција Фонет.

-Австроунгарија, по атентатот во Сараево побара нејзини полициски инспектори во Србија да го испитува случајот… а денес од Србија се бара да и поднесува извештаи на Приштина за работата на полицијата и судството во Србија. Не знам на кој паметен во европската администрација му паднало тоа на памет, изјави Николиќ во разговор со новинарите во Германија.

Тој истакнал дека Србија сака да биде во ЕУ и дека тоа и негова лична желба, но дека Белград никогаш нема да го признае самопрогласеното Косово и дека е многу блиску моментот, ЕУ целосно да ги отвори своите карти кон Србија.

Николиќ оцени дека ЕУ покажа дека „не ја почитува премногу“ Србија кога на премиерот Александар Вучиќ, на неформалната вечера во Брисел пред три дена го пречекала со новите барања и измени за кои тој не знаел ништо.

ЕУ може да се повлече од разговорите, доколку отворено каже дека треба да се признае независноста на Косово и Метохија. Меѓутоа, тие избегнуваат да кажат дека ние треба да ја признаеме независноста на Косово – рече Николиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top