Германија ќе отвори истрага за 50 нацистички чувари во логорот на смртта Аушвиц за време на Втората светска војна, кои денес имаат над 90 години. Истрагата треба да потврди дали тие биле соучесници во убиствата.
Според германските медиуми, истражителите веќе ги имаат имињата и адресите на осомничените кои живееле во Германија.
Во 2011 година беше осуден Џин Демјањук, поранешен чувар во логорот Собибор во окупирана Полска. Оттогаш, германските истражни органи секој кој извршувал должност во концентрационите логори одлучија да го третираат како соучесник во убиство и да го изложат на казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.