| четврток, 6 декември 2018 |

Бејл ќе го смени агентот поради тоа што не сака конфликт со соиграчите! (видео)

ronaldo i bejl

Најдобриот велшки фудбалер Герет Бејл сериозно размислува да го смени својот агент поради неговите невкусни изјави за неговите соиграчи од Реал Мадрид.
Познато е дека неговиот агент Џонатан Барнет има долг јазик и често дава контраверзни изјави за соиграчите на Бејл во Реал Мадрид.
Тој минатата година јавно го критикуваше тренерот Карло Анчелоти, но и целиот тим дека не му помага на Бејл.
Пред неколку дена тој имаше и уште еден гаф. Говорејќи за својот клиент не се воздржа и индиректно го нападна Кристијано Роналдо.

– Него не го интересира да продава милион гаќи, ниту да биде модел – изјави Барнет.

Оваа изјава го налути Роналдо, но не му замери на неговиот соиграч. Велшанецот сака да ги расчисти сите недоразбирања, а шпанските медиуми јавуваат дека му се извинил на Португалецот.

Згора на тоа, Бејл сериозно ја разгледува и можноста да ја прекине 11-годишната соработка со Барнет поради најновиот инцидент.

„Ас” дури и објави видео од последниот тренинг на Реал Мадрид на кое се гледа ракување на двајцата фудбалери, за кои се верува дека не се најдобри пријатели, но дека имаат сосема солиден и коректен однос без оглед на разноразните шпекулации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top