| четврток, 6 декември 2018 |

Што кажува бојата на луксузниот автомобил за неговиот сопственик

slika-600x340-1308042391-48515

Верува или не, повеќето луксузни автомобили не се портокалов „McLaren“ или црвено „Ferrari“. Тие се бели, сребрени или сиви. Овие бои се сметаат за неминливи, а според експертите луѓето ги сакаат, бидејќи изгледаат елегантно и со стил.
– Автопроизводителите знаат кои бои се најпогодни за нивните автомобили, вели Ири Ибар од „Kelley Blue Book“.
– Ако се држите до традиционалните бела, сребрена и црна, нема како да згрешите. Овие бои може да се здодевни, но според „Kelley Blue Book“, сребрената боја останува најпосакувана за луксузните автомобили.
Вкупно една третина од сите луксузни автомобили се во сребрена боја, а 30% се во некоја варијација на белата боја.
Независно од тоа колку сопствениците на луксузни автомобили ја сакаат темната страна, ако возат црн „Aston Martin“ или „BMW“, тие спаѓаат во малцинството.
Иако црната е популарна боја за автомобил, едвај 8,5% од сите луксузни автомобили, продадени во текот на минатата година, се црни.
Бојата на автомобилот е индикатор за тоа, кои чувства нејзиниот сопственик ги смета за важни и како се перцепира себеси. Трендовите во боите на автомобилите се со многу подолг период на времетраење, отколку кај облеката. Тие се менуваат на секои 6 или 8 години, а не како кај облеката, секоја сезона.
– Тука станува збор за тоа дека купувате нешто со кое го изразувате својот карактер, вели Бејс, дизајнер во „Bentley“. Кога ќе купите нов автомобил, тоа е од суштинско значење.
– Бојата предизвикува спомени и влијае на вашето расположение, особено кога е поврзана со тоа како го изразувате вашиот персоналитет, вели Ерин Кросли која е одговорен за боите во „Cadillac“.

caco1

Храбрите бои како црвена и жолта боја, се поврзани најчесто со добар изглед, млади луѓе и агресивни возачи, вели Кросли. Бои како зелената, алудираат на естети во однос на претставувањето. Неутралните и смирени бои се сметаат за мирни и луксузни.
– Луѓето ги поврзуваат неутралните и бледи бои со послаби нешта, вели Кросли. Ако сте љубител на адреналинот, ќе изберете црвена. Бејс работи како експерт за боите веќе 27 години и во моментов е одговорен за боите во „Bentley“.
caco

– Жените на купувачите имаат важна улога при изборот како на изгледот, така и ентериерот на автомобилот, вели Бејс. Многу од мажите велат дека се интересираат за моторот и други технички карактеристики и дека на жените оставаат да ја избираат бојата.
Бојата на автомобилот, сепак е многу повеќе од тоа да му покажеш на светот дека си кул или дека возиш брзо. Бојата е од значење и за вредноста на автомобилот.
Според студија на „Kelley Blue Book study“, ако се обидуваш да го продадеш автомобилот со непопуларна боја, како на пример кафеава, тоа може значително да ја намали нејзината вредност.

Ибар вели дека наскоро не очекува промена во ставовите кон белата боја. Белото симболизира свежина и е позитивно.
Тиркизната боја, од друга страна, беше модерна во 90 година меѓу возачите кои сакаа да се почувствуваат различни. Во денешно време боите темно-кафеава и канела се особено популарни.

caco2(1)

– Ова се бои кои совршено комбинираат експресивност и чувство за производите од кожа, вели Кросли. Тие прават автомобилот да изгледа како топол дом.
Истражувањето на компанијата за производство на бои „Sherwin Williams“, покажува дека во овие тешки економски времиња омилени се неутралните, повеќе сиви бои. Во годините кога економијата цвета, луѓето преферираат по светлите и по смели бои.
Клучот за создавање на профитабилна боја на секое ниво е да пронајдеш нешто што ги тера луѓето да се чувствуваат во автомобилот како во својот дом.
Боите изгледаат остарени, кога луѓето не можат да ги поврзат со други производи и работи во животот, вели Кросли.
Локацијата исто така одредува кои бои се популарни за одреден автомобил. Во САД потемните бои се секогаш по посакувани во северните држави, отколку во јужните каде светлите, бледи бои се продаваат подобро, вели Кросли.
На глобално ниво „Bentley“ најчудните комбинации на бои ги продава на Блискиот Исток, каде сончевата светлина контрира на времето во мрачна Англија. Светло црвен „Bentley Continental“ би изгледал ужасно во Англија, но би бил како во својот дом во Дубаи.
Обликот на автомобилот е исто така важен.
– Да сакате некоја боја е едно, а да знаеш дали таа боја е соодветна за вашиот автомобил е нешто сосема друго, вели Бејс. Таа најдобро го знае тоа, бидејќи „Bentley“ ќе понуди 17 стандардни опции за бои на новиот модел „Bentayga“, плус избор од 90 дополнителни бои.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top