| четврток, 6 декември 2018 |

Венгер го најави своето завршување на кариерата

Менаџерот на Арсенал, Французинот Арсен Венгер повторно е на мета на јавноста во Англија поради лошите резултати и во оваа сезона во Премиерлигата. На „Топчиите“ не им се даваат големи шанси за освојување на титулата, а згора на тоа тимот од Лондон ги загуби првите два меча од Лигата на шампионите од Динамо Загреб и Олимпијакос. Тоа ги разлути верните навивачи кои повторно го актуелизираа прашањето за смена на Венгер.
Сепак, управата на клубот нема храброст да го преземе тој чекор и да го смени тренерот кој сезонава слави јубилеј, 20 години на клупата на Арсенал.
Венгер во изјава за англиските медиуми самиот откри кога планира да го заврши својот ангажман на чело на „топчиите“.

– Имам договор до јуни 2017 година и решив да останам до последниот ден. Целта е јасна – да го вратам овој тим каде што припаѓа и да оставарам нов голем успех. Одговорноста е огромна, но сакам да му оставам на својот наследник што подобра позиција кога ќе си заминам – изјави Венгер.

Арсенал цели 11 години не знае за титула во Премиер-лигата, а пред ланското освојување на ФА Купот овој тим дури десет години беше без позначаен трофеј во своите витрини.

На Венгер најмногу му се замерува што одбива да троши високи суми за ангажман на нови фудбалери, па им дава и преголема доверба на оние што не ја заслужуваат.

– Не се плашам да потрошам пари ако верувам дека фудбалерот вреди толку, мислам дека го докажав тоа со Озил и со Алексис Санчез. Знам каква репутација ме следи, но не се согласувам со тоа – вели францускиот стратег на клупата на „топчиите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top