Децата од скопската градинка „13 Ноевмри“ го одбележаа Меѓународниот ден на здравата храна готвејќи салати од свежо овошје и зеленчук. Вредните детски рачиња приготвуваа и житарки со јаткасти плодови, покажувајќи ја својата свесност за тоа колку е важно да се хранат здраво.
Низ игра и песна, децата учеа како да ја креираат својата чинија полна со зеленчуци и овошја.
Со предавање од страна на претставник од „Зегин“ кој се погрижи за дел од продуктите со кои децата приготуваа оброци, научија дека е многу важно да се грижат за хигиената додека се приготува храна, да избираат пијалоци приготвени од свежи продукти наместо газирани сокови и кои витамини ги има во овошјата и зеленчучите.
Во градинка „13 Ноември“ има и зеленчукова градина и децата учат како се садат зеленчуците, ги следат додека растат, учестуваат во собирањето. На крај тие производи се користат во ихраната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)