Гласач при обид да го стави гласачкото ливче, кое било повеќепати превиткано, го искршил капакот од гласачката кутија на избирачкото место број 1734 во Струмица. Таму гласањето еден час беше во прекин. Според претседателот на Општинската изборна комисија Васил Крстев, во присуство на полиција е извршен увид и замена на искршениот капак.
-Со оглед дека овде имаше прекин на гласањето, тоа ќе биде продолжено за 62 минути, што значи гласачкото место 1734 ќе биде затворено во 20 часот и 2 минути – вели Крстев.
Во Струмица, каде се прегласува на три избирачки места, до 10 часот своето избирачко право го оствариле 15 проценти од граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


