Минхенски Баерн има тројца фудбалери во иделаниот тим на УЕФА избран во квалификацискиот циклус за пласман на ЕП во Франција. Томас Милер, Роберт Левандовски и Давид Алаба е трилингот асови на Баварците со место во првите 11. Велшаните кои се изборија за настап на турнирот во Франција се единствената репрезентација со двајца фудбалери во дрим-тимот на УЕФА.
Еве го идеалниот состав во формација 4-3-3: Куртоа (Белгија), Дармијан (Италија), Вилијамс (Велс), Кејхил (Англија), Рат (Романија), Алаба (Австрија), Дејвис (Северна Ирска), Сигурдсон (Исланд), Левандовски (Полска), Милер (Германија), Бејл (Велс).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.