| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на прирачникот „Моето семејство“ од Ели Маказлиева

Eдукативниот прирачник за деца „Моето семејство‘‘ од авторката м-р Ели Маказлиева, а во издание на издавачката куќа ЕДУКА МАК, Скопје, е наменет за деца од предучилишна возраст според програмата за рано учење и развој, а ќе биде промовиран на 16.11.2015 год. (петок) во 12.00 часот со Домот на АРМ, Скопје.

Промотор на прирачникот е проф. д-р Татјана Котева Мојсовска,  а промоцијата ќе ја надополнат со свој настап и децата од детската градинка „Буба Мара‘‘, која ја покрена иницијативата до МТСП, за реализација на проектот „Семејство и семејни вредности“.

„Моето семејство“ е ново издание, кое треба да даде помош и подршка во реализација на целите на програмата и поконкретно за реализација целите на Проектот на МТСП -„Семејство и семејните вредности“ .

moeto semejstvo

Според својата концепција, физиономија и структура, овој прирачник го содржи многу значајниот воспитен елемент – стекнување сознанија и навики за семејството како основна клетка во општеството, како и градење свест кај децата за негување на семејните вредности и стекнување знаења, во раната возраст, кои остануваат трајни.
Прирачникот дава можност преку слика и збор, преточени во активност која е поврзана со сите аспекти на Стандардите за рано учење и развој,  да се препознаат одредени ситуации во кои детето се пронаоѓа и учи за семејството и  семејните односи.

ОДОБРЕН е за употреба во ДЕТСКИТЕ ГРАДИНКИ со РЕШЕНИЕ на Министерот за труд и социјална политика на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top