| четврток, 6 декември 2018 |

Боесен: Вардар е меѓу петте најдобри екипи во Европа

vardarc

Вардар тргна по петка во Лигата на шампионите, а максималниот учинок од четири победи на стартот од сезоната „црвено-црните“ ќе го бранат во Копенхаген против данскиот првак Колдинг.

Во недела од 16,50 часот Вардар ќе бие битка за продолжување на максималниот учинок, а домаќините за прва победа во Б групата.

„Според мене Вардар во моментов е меѓу петте најдобри клубови во Европа. Иако до скоро ги сметавме за релативно непозната екипа, тие играат на исто ниво како Кил, Барселона, Веспрем. Ни доаѓа противник кој игра брзо и многу атрактивно“, вели Јенс Боесен, директорот на Колдинг и поранешен дански репрезентативец.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top