Телевизијата Телма објави дека по посетата на Зоран Заев на Израел, израелскиот амбасадор во Македонија Дан Орјан, го пренел соопштението од кабинетот на вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Израел Силван Шалом, а во кое се се појаснува средбата со македонскиот опозициски лидер.
Во соопштението стои дека се работело за куса куртоазна средба со лидерот на опозицијата Заев што е нормално за две пријателски земји.
На средбата, како се наведува во соопштението кое го објави Телма ТВ, се разговараше за општи прашања, особено околу потребите за подобрување на односите меѓу Израел и Македонија. Министерот нагласува дека на средбата не се разговарало за било какви безбедносни или финансиски прашања, стои во соопштението кое го пренесе телевизијата на која претходниот ден, Заев тврдеше дека се разговарало за наводни провизии од Израел за македонски политичари.
-Ми беа ставени на располагање детали, секако со документација и аргументација, кои сега веќе ги поседуваме. Најверојатно, Израел очекуваше да биде начисто евентуално дури и со нас како опозиција, да се знае што е што- изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев во вчера емитуваното интервју на Телма, снимено за време на неговата посета на Израел. (Д.Д. – С.Г.)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)