Уште еден командант на ОНА падна во рацете на полицијата по денешната акција на МВР за разбивање на јатаците на терористичката група во Диво Насеље, објави „Курир“.
Според полициски извори, меѓу приведените е и Ибрахим Муртезани, во јавноста познат и како командант Арачиново.
И тој, како и другите, се сомничи за соработка и за помагање на терористичката група што дејствуваше во кумановскиот регион.
Исто така, меѓу приведените е и Рагми Љатифи од селото Отља за кој има информации дека му бил заменик на командант Малишева, кој се сметаше за предводник на терористичката група во Куманово.
Во Диво Насеље, специјалците на МВР убија 10, а уапсија 28 припадници на терористичката група. Во акцијата на МВР беа убиени и осум специјалци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.