Силите лојални на сирискиот режим денеска почнаа офанзива во централната провинција Хомс, со поддршка на руските воздушни сили во кои загинаа најмалку 10 лица, јавуваат сириските државни медиуми и групи за набљудување.
Сириската телевизија, повикувајќи се на воени извори, соопшти дека војската почнала операција во северниот и северозападниот дел на провинцијата Хомс со цел повторно воспоставување безбедност и стабилност во селата и градовите на тоа подрачје.
Војската презема контрола над селото Ал-Дар ал-Кабра, северно од Хомс, јави сириската телевизија.
Сириската опсерваторија за набљудување на човековите права, со седиште во Лондон, соопшти дека руски авиони извршиле најмалку 15 воздушни напади во области со борби во кои загинале најмалку 10 лица, од кои шест бунтовници.
Според воени извори операцијата во Хомс е стратешки поврзана со операциите на режимот во соседната провинција Хама во изминатите неколку дена.
Русија почна воздушна кампања во Сирија на 30 септември за борба против групата Исламска држава и други терористи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.