| четврток, 6 декември 2018 |

Слободната сириска армија: Имаме доказ дека Турција купува нафта од ИД

­ Слободната сириска армија објави дека има копии од договорот за купување на сурова нафта од Исламската држава, кој го потпишала Турција.

sirij

Армијата тврди дека има фотографии од договорот, кој Турција го потпишала со исламистите за купување сурова нафта во Сирија и Ирак.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно нагласи дека финансиската поддршка за терористите во Сирија продолжува. ­

– Неодамна имавме дополнителни извештаи, кои потврдуваат дека нафтата од територијата која ја користи ИД во големи количини и се испорачува на Турција, истакна Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top