Сириската армија стави под своја контрола два стретешки автопати, уништи десетици терористи и ослободи клучни подрачја на границата со Турција.
Сириската армија со помош на руските воздушни удари зазела водечка улога на запад, во провинцијата Латакија.
Автопатот Квастал мааф, како и патот од Латакија до Касаба кои не беа во функција речиси две години, сега повторно се отворени за сообраќај.
Терористите по офанзивата на сириската армија побегнале кон градот Рабија. Силите на Асад имаат намера да го ослободат и тој град, јавуваат руски медиуми. Автопатот Квастал мааф ги поврзува главниот покраински град Латакија и градот Касаб, контролна точка на границата со Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.