Стефани Миркин и Брајан Тоб од Сан Диего не можеле да им поверуваат на сопствените очи кога американскиот претседател Барак Обама по партијата голф свратил на нивната венчавка.
Фотографиите го забележале моментот кога Барак Обама завршил со играњето голф и упаднал на нивната венчавка. Стефани и Брајан се венчавале во исто време во истиот голф клуб кога Обама играл голф.
– Вчудовидените гости го гледаа претседателот како ја завршува својата партија голф, и тогаш се случи нешто незамисливо, кога го заврши последното топче, прошета меѓу гостите опкружен со обезбедувањето – рекол Брајан.
– Кога стана очигледно дека ќе се ракува со сите луѓе, Стефани, едноставно, реши да се стрча накај него облечена во венчаницата и со високите потпетици – додал Брајан.
Обама им позирал на фотографите и му дал совет на младоженецот: „Немој да ја згазнеш венчаницата на невестата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.