Врз основа на анализа од досега добиените докази од истрагата во врска со настаните од 9 и од 10 мај годинава во кумановската населба Диво Насеље, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, издаде наредба за спроведување истражна постапка за уште седум македонски државјани.
Осомничените, кои се обвинуваат за сторени кривични дела терористичка организација од чл. 394 – а и тероризам“ од чл. 394 -б, се изведени пред судија на претходна постапка и на предлог на надлежниот јавен обвинител им е определена мерка притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.