Нема позначителен напредок во преговорите на ЕУ со Велика Британија, што се водат пред британскиот референдум за останување, или за напуштање на Унијата, изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.
Тој вели дека Брисел сака „фер договор“ со Лондон, но дека засега преговарачките страни немаат ништо постигнато.
Велика Британија и премиерот Дејвид Камерон инсистираат на „реформирање„ на ЕУ и на односите меѓу Лондон и Брисел, но Јункер порачува дека за „танго се потребни двајца„ префрлајќи ја одговорноста за застојот кај британската страна.
Премиерот Камерон настојува да обезбеди посебни односи на ЕУ со Британија, пред да се организира референдумот за Унијата, што се предвидува да се одржи д крајот на 2017 година.
Британската политичка јавност се уште не знае што точно Лондон бара од ЕУ, но се претпоставува дека станува збир за исклучувањето на Британија од било какво натамошно интегрирање во Унијата, како и за ограничувањето на приливот на имигранти од земјите на ЕУ, за заштита на социјалните фондови.
Жан Клод Јункер инсистира дека сака Велика Британија да остане конструктивен член на Унијата.
Камерон се наоѓа под силен притисок од евроскептиците во негвата Конзервативна партија, како и од антиевропската партија за независност на Обединетото кралство (УКИП) за остар курс кон Брисел и за „враќање на британската независност„ во однос на ЕУ, како за напуштање на Унијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јункер напаѓа повторно: Кафен чевел за левата, црн за десната нога (видео)
-
Скандал во Британија: Компанија за болнички отпад, складирала човечки тела
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста
-
Британците го отфрлаат планот на Меј за „Брегзит“