| четврток, 6 декември 2018 |

Потпишан договор за соработка меѓу државните архиви на Македонија и на Хрватска

Директорот на Државниот архив на Република Македонија Филип Петровски и директорката на Хрватскиот државен архив, Влатка Лемиќ вчера во Загреб потпишаа Договор за соработка.

arhiva

Договорот, соопшти  Државниот архив на Република Македонија, е продолжување на традиционално добрата соработка со Хрватскиот државен архив, и е со валидност во наредниот период од четири години. Ова е четврти договор од ваков вид. Првиот Договор за соработка меѓу Државниот архив на Република Македонија и Хрватскиот државен архив е потпишан на 11 јуни 1996 година.

Новиот Договор за соработка со Хрватскиот државен архив предвидува заеднички активности на подготовка на изложби, заеднички публикации, стручни работилници, промоции и предавања. Исто така, врз основа на новиот Договор за соработка ќе се овозможи размена на архивски стручњаци, односно размена на искуства од работата на архивите, а во согласност со законските одредби на двете држави и со цел да се дополнат и комплетираат постоечките архивски фондови со нови извори за историјата на Република Македонија и Република Хрватска ќе се разменуваат информации и ќе се спроведуваат истражувања и размена на копии на архивски материјал.

Врз основа на овој Договор двете страни ќе соработуваат и ќе разменуваат информации од интерес за процесот за сукцесија на архивскиот материјал од поранешна Југославија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top