| четврток, 6 декември 2018 |

Во Долнени прегласувањето се одвива мирно

Повтореното гласање на избирачкото место 1473 во Лажани, општина Долнени се одвива нормално и без проблеми, соопшти претседателот на општинската комисија.

–      Гласањето почна во 7 часот. Се е во најдобар ред. Денеска ќе биде одлучено кои од петте кандидати, двајца ќе влезат во вториот круг, вели Жарко Марковски претседател на општинската изборна комисија.

ДИК донесе одлука за прегласувањето на ова место затоа што било утврдено дека недостасува едно ливче во кутијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top