| четврток, 6 декември 2018 |

„Алфите“ во март уапсиле 300 луѓе

policija

Припадниците на Единицата за борба против криминалот “Алфа“ во текот на минатиот месец, при вршење на редовна мотопатролна дејност, вкупно извршиле легитимирање на 929 лица, извршен е преглед на 101 патничко возило, а по разни основи приведени се вкупно 313 лица.

Како што соопшти МВР, кај приведувањата, најмногу лица 36 се приведени по основ на телеграма, 31 лице по основа на потраги, гласник, наредба од Основен суд, под сомнение за извршено кривично дело 56 лица и по извршено кривично дело 30 лица, на лице место во вршење на кривично дело 12 лица, а шестмина се приведени за издржување на казна затвор.

По основ на нарушување на јавен ред и мир приведени се вкупно 41 лице, од нив најголем дел 22 за учество во тепачка. Едно лице е приведено со оружје, 60 за поседување опојни дроги, од кои 54 за тревкасти материи, 18 лица се приведени со патничко возило, како и четири лица со мотоцикл без документација.

Алфите асистирале при вршење претрес во 21 случај при што е одземени пари, накит, техничка опрема и друга стока, стекнати противзаконски или користени при извршување кривично дело.

Припадниците на оваа единица извршиле спровод на 19 лица, а 13 предале на сообраќајна патрола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top