| четврток, 6 декември 2018 |

Голем месечен хороскоп за март

Мартовското сонце ни го најавува доаѓањето на пролетта, но што нè очекува? Деновите ќе бидат продолжени од 25-ти март, а многу од нас се надеваат дека заедно со „темните часови“ ќе ја намалат и загриженоста. Прочитајте што ви подготвуваат ѕвездите за месецот март.

Овен

Месецот ќе ви донесе убава енергија која ќе кулминира со рамноденицата, вашиот „празник“, кога ќе бидете со полно срце и задоволни од љубовта. Прекрасен момент ве чека во вторник, на 6-ти март: страсната Месечината во Шкорпија го поздравува влезот на Венера и Меркур во вашиот зодијачен простор ,весело и задоволно, што ќе направи зимата да ја завршите со радост. Марс во Јарец нема да ја наруши хармонијата во љубовта, туку ќе ја поттикне страста па љубовта уште повеќе да се разгори. Обрнете внимание на исхраната, бидејќи еден ваков толку авантуристички месец може да предизвика нарушувања кои ќе ги почувствувате на „стомакот“.

Бик

Првите денови од март се многу убави: Сонцето, Венера и Меркур ги прават односите во љубовта едноставни, хармонијата на бракот е обновена, нови многу интересни средби најверојатно ве очекуваат доколку патувате во странство. Имате толку многу прашања за кои ќе размислувате и идеи кои треба да ги реазлизирате, но споредбата со другите (со „конкуренцијата“) е од витално значење за вас во оваа 2018 година, па надминете ја мрзеливоста и недовербата. Извлечете максимум од работа и еросот, сепак без претерување, а планирајте најмалку еден викенд да го поминете надвор од градот, во природа. 24ти март ќе биде клучен ден за љубовта, кој ќе ви даде посебна надеж и храброст.

Близнаци

Вие веќе го чувствувате мирисот на пролетта. Со првите потопли денови во март, голема љубов ќе почне да расцветува, можеби различна од она што го очекувавте. Чувството што ќе го чувствувате нема да биде површно, туку длабоко, па дури иако емоцијата што доаѓа е млада, свежа, а односот веднаш ќе започне на сериозен начин. Сите врски кои ќе се родат и во наредните месеци се заштитени од ѕвездите и се предодредени да траат, се разбира ако вие тоа го сакате. На 22-ри март ќе имате добра доза на среќа: не е прашање на „чиста“ среќа или лотарија, туку на тоа што сè се раѓа и се развива благодарение на вашата интелигенција и вештина.

Рак

Вие, кои сте родени во знакот на летниот период, не можете да ги сакаат астралните геометрии кои се формираат во периодот на пролетната рамноденица. Особено оваа година би било добро да ја започнете новата сезона со помалку побарувања. Мора да ја ограничите и потрошувачката, да ја регулирате исхраната, но исто така и да „скратите“ на алкохолни пијалоци, пушење, па дури и на сексуални ексцеси. Едноставно, мора да ви е јасно дека не може да се „лови“ во комплицирани ситуации. Послушајте ги советите на луѓето кои ве сакаат и ве ценат. Не впуштајте се во ситуации за кои знаете дека се опасни, особено од 24-ти до 31-ви март.

Лав

По прилично тешкиот почеток на годината, март за вас е добар месец, кој конечно ќе ви донесе добра доза на страст : покрај Марс, тука се и Венера и Меркур, а потоа и Сонцето, кои добро ќе ве „загреат“ и ќе ве наполнат со енергија. Имајте доверба во себе, и ќе ви се врати целото добро расположение кое малку го пропуштивте. Од 7-ми се враќаат убавите моменти на сентиментален план. Од тој период, исто така, ќе ви се врати и вашата одлична физичката форма. Ако до сега тоа не го правите, почнете да се занимавате со спорт, и тоа одберете некоја повозбудлива активност.

Девица

Почетокот на месецот со полна Месечина ќе биде вознемирен и од други планети, па продолжува стресниот период. Стресот ќе се должи, на пример, поради промена на некоја вообичаена активност или поради некој погрешен потег, или пак, поради заминување на член од семејството со што можат да се променат вашите сакани навики. Ненадејните „магии“ пристигнуваат на 6-ти март, под влијание на многу добрата Месечина, а Меркур и Венера стануваат позитивни. На 21-ви Месечината е многу поволна за инвестиции и добивки. Месецот ќе заврши во знакот на задоволството, со речиси полна Месечина која ќе го најави триумфот на страста.

Вага

Како и секоја година за вас пролетната рамноденица означува момент на криза, која во 2018 година се најавува веднаш по првиот викенд во март, во вторник 6-ти март, кога Меркур и Венера се позиционираат во непријателски знак. Во овој поглед, може да се појават флуктуации на притисокот поради промената на климата или мали заболувања кои можат да предизвикаат мигрена. Вториот дел од март не е во знакот на материјалните добивки. Морате да најдете вентил за да ја намалувате секојдневно напнатоста, а 31-ви однапред резрвирајте го за некаква поголема спорстка активност, инаку ризикувате да „пукнете“ од нервоза.

Шкорпија

Месецот ќе почне со солидна заштита од планетите. Од 17-ти март, со поддршка на Марс, ќе добиете неверојатна истрајност и упорност во нешто што веќе го правите. Што се однесува до љубовта, таа ќе биде брза, во сексусалните врски ќе ве направи алчни, а новите врски ќе бидат премногу избрзани. Знаете дека повремените средби бараат помалку напор, а доволно ве задоволуваат. Доколку сте во стабилна врска внимавајте да и дадете на саканата личност многу повеќе внимание. Но, за младите, има нежни и слатки ѕвезди, кои ќе направат да почувствуваат убави емоции и големо срцебиење, а многумина искрено ќе се вљубат. За нив особено погодни денови се 5-ти и 6-ти март.

Стрелец

И покрај иритирачкото Сонце, март не ви носи некои големи проблеми. За вас, в петок на 9-ти март, зимската сезона завршува порано и во тој момент вашата пролет веќе започнува. Месечината може да биде комплицирана за односите со семејството, но сепак на емотивен план ќе ви донесе нов воздух. Меркур, Венера и Уран се во многу поволна поставеност, и прават страсна комбинација со Марс на небото – подгответе се за нова голема страсна врска. Сепак, сите овие планети, иако делуваат „нагло“ и со оган, не го нарушуваат здравјето, така што ќе бидете во одлична форма.

Јарец

Традицијата вели дека Марс е луд месец (луда баба Марта), на крајот на краиштата тоа е месец на Марс кој ќе пристигне во вашиот знак, во сабота на 17-ти. Оваа планета ја карактеризира целата ваша 2018 година, бидејќи ќе помине многу време на вашето небо или во Водолија во близина на вашата „куќа“. Кога Марс пристигнува на небото, тензијата се зголемува, но овојпат тој ќе и се противи и на Венера, планетата на љубовта, па лудости на љубовно поле не се исклучени. Бидете претпазливи овој месец дури и на работното место, во воздухот има премногу „електрична“ енергија: нема потреба да ги блокирате деловните иницијативи, туку само да се биде попретпазливи.

Водолија

Месецот ќе започне веднаш со енергични чекори, за вас пролеета веднаш ќе пристигне, зашто доаѓа од пријателскиот Овен во астрална релација со Меркур и Венера. Оваа извонредна поставеност на планетите ќе ја почувствувате на 6-ти март. Месецов ќе биде карактеристичен по големата агилност на мислата, која ќе ви овозможи да завршите некои поголеми проекти или да заклучите важни договори. Меркур станува сериозен во сугерирањето на вистинско решение за борба против нападите кои ви доаѓаат од блиски луѓе. Оттука март е идеален месец за да се соочите со тешкотиите и недоразбирањата кои ви ги предизвикуваат некои од колегите, но и со недоразбирањата во семејството и со некои пријатели. И важно ќе биде да го направите тоа соочување.

Риби

Март за вас започнува со нервозна Месечина, исто така деликатна за вашето здравје. На овие две работи веќе предочени (нервозата и здравјето), треба повеќе да внимавате за време на осцилациите на Месечината кои ќе се случат на 2-ри и 9-ти март. Настрана ова, месецот ќе биде полн со интересни и позитивни идеи и предлози. Оставете овој стресен прв дел од месецот да помине. По него, следува многу силна поддршка која ќе ја почувствувате кон средината на март. Рибите кои имаат добар проект може да го остварат овој месец. На полето на пријателствата ќе уживате одлична заштита, а емотивните врски кои евентуално би ги оствариле ќе бидат во знакот на многу цврсти темели. На 31-ви март очекувајте материјална добивка или воопшто, многу поповолна економска ситуација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top