“Немојте повеќе да ми говорите за поглавја. Ако сакате, отворете ги сами, ако не сакате, тогаш и немојте” – бурно реагираше Вучиќ на неформалниот состанок со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини и косовскиот премиер Исо Мустафа.
Вучиќ остро го осуди апсењето на Србите во Брезовица и обидот за зачленување на Косово во УНЕСКО без знаење на Србија.
Премиерот на Србија потсети и дека косовската влада и понатаму не донела пропис за формирање на Заедница на српски општини, а дека договорот за царината и за катастарските книги, уште од 2011-тата година, сè уште не започнала ниту да го имплементира. Како што се пренесува, тешките разговори кулминирале и со вербален конфликт помеѓу Вучиќ и Тачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста