Поранешниот капитен на Реал Мадрид и на шпанската фудбалска репрезентација, и живата легенда во оваа држава, Раул Гонзалес, најави крај на својата богата кариера.
Тој во моментов го носи дресот на Њујорк Космос, но размислува по завршувањето на сезоната во ноември да се повлече од фубалските терени, јавуваат шпанските медиуми.
Шпанскиот весник „АС“ напиша дека Раул посакува се врати во Мадрид за да биде поблиску до своето семејство, но и дека сѐ уште не ја донел конечната одлука.
Раул пред да се пресели во Њујорк ги бранеше боите на Реал Мадрид, Шалке и катарскиот Ал Сад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)