| четврток, 6 декември 2018 |

Медиумска војна за внимание: Карлеуша со среден прст ги поздрави, а Цеца со стајлинг ги воодушеви новинарите(фото)

Двете лути ривалки во исто време се членови на жири комисии во две различни музички натпреварувања. Ова уште еднаш ја подгреа нивната “студена медиумска војна“ и  трката која попрво да ги полни страните на магазините и интернет порталите.

naslovna ck

Јелена Карлеуша повторно успеа во нејзината мисија да ја шокира јавноста, во што и помогна еден невообичаен моден избор  и недостаток на култура. Дивата, какако што милува сама да се нарекува и не беше толку дивна кога на снимање на една емисија дошла во фустан кој бил толку кус што делуваше како да го позајмила од нејзината седумгодишна ќерка.

јк1

Но како ниту тоа да не беше доволно па Карлеуша реши да си го цементира медиумскиот простор така што на новинарите им го покажа средниот прст.

јк2

Од друга страна нејзината лута ривалка, Светлана Цеца Ражнатовиќ одбра далеку поумерена кодна комбинација. Цеца на снимањето на реално музичко шоу во кое е дел од жирито се појавила во црно бела комбинација на панталони и сако кое секако во преден план го стави нејзиното силконско деколте,  а фотографијата која ја сподели на социјалните мрежи собра повеќе од 10 илјади “лајкови“.

Ceca-Raznatovic

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top