Двете лути ривалки во исто време се членови на жири комисии во две различни музички натпреварувања. Ова уште еднаш ја подгреа нивната “студена медиумска војна“ и трката која попрво да ги полни страните на магазините и интернет порталите.
Јелена Карлеуша повторно успеа во нејзината мисија да ја шокира јавноста, во што и помогна еден невообичаен моден избор и недостаток на култура. Дивата, какако што милува сама да се нарекува и не беше толку дивна кога на снимање на една емисија дошла во фустан кој бил толку кус што делуваше како да го позајмила од нејзината седумгодишна ќерка.
Но како ниту тоа да не беше доволно па Карлеуша реши да си го цементира медиумскиот простор така што на новинарите им го покажа средниот прст.
Од друга страна нејзината лута ривалка, Светлана Цеца Ражнатовиќ одбра далеку поумерена кодна комбинација. Цеца на снимањето на реално музичко шоу во кое е дел од жирито се појавила во црно бела комбинација на панталони и сако кое секако во преден план го стави нејзиното силконско деколте, а фотографијата која ја сподели на социјалните мрежи собра повеќе од 10 илјади “лајкови“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.