| четврток, 6 декември 2018 |

Има надеж за македонскиот фудбал, младите фудбалери славеа победа во Северна Ирска

makedonija

Македонската млада репрезентација до 21 година, продолжува со успешните квалификации за Европското првенство во 2017 година. Денеска избраниците на селекторот Боби Милевски извојуваат голема победа на гостувањето во Северна Ирска и славеа со 2-1 во третото коло од квалификациите.
Младите репрезентативци дојдоа до победата со целосен пресврт во второто полувреме откако во првиот дел имаа негатива од 1-0.
Македонија целсно доминираше во натпреварот, а противникот беше предодреден на дефанзивна тактика која беше срушена во 85 минута со голот на Кире Маркоски. Претходно С.Ирска поведе во Доерти во 43 минута, додека резултатот го израмни Барди на самиот почеток од второ полувреме.
Целосната доминација вроди со плод иако победата можеше да биде изразена со поголема разлика. Младите надежи создадоа уште неколку стопроцентни шанси, а Бабунски и Аврамовски ја погодија и рамката од голот.
По овој триумф, по три кола Македонија има шест бода, за втора позиција во моментов, и пет бода помалку од Исланд кој има и два натпревари повеќе.

Следниот натпревар избраниците на Милевски го играат пред домашната публика против големиот противник репрезентацијата на Франција на 15.ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top