Од денеска, во скопската општина Карпош почнува проектот „Растеме здраво“, на шефот Влатко Огненовски, во која преку презентација на готвење здрава храна ќе се едуцираат родителите како да им готват на своите деца.
– Да ги освестиме родителите да не ги хранат децата со отрови. Кампањата „Растеме здраво“ се однесува на најмладите, почнува во општина Карпош, но се надеваме дека ќе се прошири на ниво на целата држава. Потребна ни е морална поддршка – вели врвниот светски гастроном и готвач, Огненовски.
Тој своето долгогодишно интернационално искуство со храната го преточува во едукативниот проект „Растеме здраво“. Проектот цели кон едукација и кон освестување на родителите за важноста на храната која детето секојдневно ја консумирра, за состојките и за начините на приготвување.
Свежо приготвена храна, без прженици, интегрален леб се на менито на градинките во Карпош. Планот е овој начин на исхрана да биде практикуван и во основите училишта во оваа скопска населба.
Претседател на Советот на Карпош, Сашо Лазаровски, истакна дека Општината ги поддржува сите настани кои се однесуваат на најмладите категории и дека со овој проект ќе се научат како да го чуваат своето здравје и здраво да се хранат.
Првата работилница е во градинката „Мајски Цвет“ во Тафталиџе и продолжува во останатите градинки во целата општина.
Родителите што ќе ги посетат овие работилници ќе добијат директни насоки за начинот на кој треба да ја приготват храната за своите деца, а ќе добијат шанса и да ја дегустираат приготвената храна. На крајот на секоја презентација, тие ќе добијат брошура со неделни рецепти, изготвена од Огненовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)