Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенев, одговарајќи на обвинувањата кои доѓаат од десницата во однос на политиката на социјалистичката влада кон имиграцијата, денеска изјави дека во 2015 година ќе бидат протерани 17.000 странци на кои им се одбиени барањата за престој во Франција, јави дописникот на МИА од Париз.
– Во 2015 година ние ќе имаме преку 17.000 протерувања, наспроти 15.253 во 2014 – изјави Казенев во Париз, говорејќи за досега невидениот емигрантски бран во Европа и за незапамтеното антиимигрантско расположение меѓу Европејците.
Според Казенев, во 2011 во време на десничарската влада на Никола Саркози, биле пртерани само 12.054 странци, што е досега најниска бројка, и покрај залагањето на поранешниот претседател за протерување на странците без документи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.