| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарите на тест во Умаг против Хрватска и Црна Гора

Rakomet Makedonija Grcija 17 (Custom)

Македонската ракометна репрезентација и селекторот Ивица Обрван ќе ја искористат „ЕХФ-неделата“ за да одиграат два подготвителни натпревари пред Европското првенство 2016 што се игра во Полска во јануари.
Веќе традиционално европската ракометна федерација во ноември им овозможува на голем број репрезентации да го направат првиот собир на играчи на кои сметаат на нив за престојните шампионати.
Сепекторот Обрван ќе има можност да ги скенира сите репрезентативци на турнирот во Умаг, Хрватска каде ќе одигра два меча против домаќинот и Црна Гора. Нашата репрезентација ќе учествува од 6 до 8 ноември, на „ХЕПИ куп“.

По овие натпревари, следниот собир ќе биде дури во декември, кога ќе означиме официјален почеток на подготовките за ЕП. Европскиот шампионат започнува на 15 јануари, а Македонија ќе игра во групата во Краков, со Полска, со Франција и со Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top