| четврток, 6 декември 2018 |

Сираба Дембеле е најдоброто лево крило во изборот на тренерите

Пред почетокот на Лигата на шампионите во ракомет во женска конкуренција ЕХФ направи анкета на сите тренери од екипите учеснички да го соопштат дрим-тимот без да одбедат ракометарка од својот тим.
Анкетата покажа дека левото крило на ЖРК Вардар, француската репрезентативка Сираба Дембеле е најдоброто лево крило во светот.
Дембеле убедливо доби место во дрим-тимот пред почетокот на Лигата на шампионите, откако дури седум тренери се изјаснија за неа на левата крилна позиција. Таа беше дел од најдобриот тим во ЛШ и за изминатата сезона, избран од фановите.
Дембеле е единствената вардарка во овој тим, во кој има три ракометарки од европскиот првак Будуќност, две од Ѓер и една од Ростов Дон. Покрај Дембеле блиску до вакво признание била и Андреа Лекиќ, како најомилен среден бек на тренерите, сепак за малку повеќе гласови добила Нике Грот од Ѓер.
Во оваа анкета тренерите имале обврска да одговорат на три прашања. Кој е вашиот омилен играч на секоја позиција на теренот, не вклучувајќи ги играчите од вашата екипа? Именувајте три тренери кои ве импресионираат најмногу? Во која арена (не вашата) најмногу уживате да играте?
Одговорите покажале дека најпочитуван тренер е Драган Аџиќ од Будуќност, а најпопуларна арена е „Ауди Арена“ во Ѓер. Домот на Ѓер добил четири гласа, а нашата „Јане Сандански“ заостанувала само со еден, што потврдува дека атмосферата во домот на Вардар е една од најдобрите во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top