| четврток, 6 декември 2018 |

Ослободете се, денеска е Светски ден без градници

maxresdefault

Денес се одбележува Светскиот ден без градник, а главната порака за одбележување на овој ден е тоа дека градите мора да бидат слободни.

Всушност, неколку жени се досетиле да го одбележат овој ден во годината каде што женските гради нема да бидат заробени. Како што тврдат организаторките, женските гради се природно убави и не треба да се кријат во градници.

No-Bra-Day-copy

На овој начин се искажува и поддршка на жените што се заболени од рак на градите, во месецот посветен на борбата против ракот на градите.

Бројни познати убавици  без градник гордо шетаат и во текот на годината, па задоволно ја поддржаа оваа акција.

Статистичките бројки говорат дека една жена има девет градници, а интересно е тоа што многу жени воопшто не ги користат. Токму поради тоа група Американки ја реализираа својата идеја за одбележување на еден ден во годината во кој градите ќе им бидат слободни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top